ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА ТЕРЕТАНА НА ОТВОРЕНО ВО ООУ „СТРАШО ПУНЏУР“ – МАЛО КОЊАРИ

Подобрување на спортската инфраструктура во Мало Коњари!

Општина Прилеп вчера сведочеше на уште една позитивна промена во нашата заедница, а тоа е отворањето на новата теретана на отворено во дворот на ООУ „Страшо Пинџур“.

Оваа иницијатива е дел од проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“, чија основна цел е младите да станат активни учесници во подобрувањето на својата околина.

„Оваа теретана ќе биде важен ресурс за сите млади во Мало Коњари, но и за сите кои сакаат да се грижат за своето здравје и го практикуваат активниот живот. Верувам дека таа ќе стане место каде што децата и младите ќе се собираат, ќе спортуваат и ќе развиваат здрави навики. Искрено се заблагодарувам на сите кои беа вклучени во реализацијата на овој проект – на тимовите кои работеа неуморно, на координаторите и сите чинители кои се залагаа за неговото успешно завршување. Нашата посветеност како Локална самоуправа да создадеме подобри услови за живот продолжува. Ќе продолжиме да инвестираме во подобра иднина за сите наши жители. Морам да напоменам дека оваа теретана произлезе токму од потребите и барањата на младите во општина Прилеп и како таква е наменета за нив.” - истакна градоначалникот Борче Јовчески.

Проектот е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија, спроведуван од Про Локал во партнерство со Младински Совет Прилеп и уште 7 локални организации од Пелагонискиот регион.

Слични Објави