Променет сообраќаен режим на улицата „11 Март“ – започнува реконструкцијата
Општина Битола информира дека согласно склучениот договор со изведувачот, од утре започнува со работни активности на улицата „11 Март“, каде ќе се врши комплетна реконструкција на водоводната, канализационата мрежа и коловозот.
Во периодот додека траат градежните работи, сообраќајот на оваа улица ќе се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај.