|

Граѓаните ги одредија најважните проекти за Битола

ПРЕКУ АНКЕТА НА ОПШТИНАТА ГРАЃАНИТЕ ГИ ОДРЕДИЈА НАЈВАЖНИТЕ ПРОЕКТИ ЗА БИТОЛА

Анкетата спроведена од Општина Битола, со цел директно вклучување на граѓаните во реализација на приоритетите, беше одговорена од 901 граѓанин. Анкетата со наслов „Што ви е најважно?“ беше отворена до 28 февруари и понуди избор помеѓу проекти за кои општината веќе има изготвено проектна документација. Проектите се од областа на патната и подземната инфраструктура, изградба на спортски објекти, игралишта, спортски сали и паркинг простори.

Граѓаните исто така имаа можност да предложат нови проекти за кои сметаат дека треба да бидат приоритетни за реализација во Битола. Од добиените одговори, во врска со проектите за кои општината е подготвена со документација и кои можат да започнат со реализација, граѓаните ги ставија следните 5 проекти на врвот на приоритетите:

  1. Изградба на паркинг простор кај Селската Автобуска
  2. Реконструкција на спортски игралишта во училишта
  3. Изградба на паркинг простор кај м.в. Хеликоптер
  4. Изградба на објект на Терариум во Зоолошката градина
  5. Изградба на кружен тек помеѓу улиците Македонска Фаланга и Македонски Гемиџии (кај Автобуска станица)

Иако овие проекти се на врвот на приоритетите, граѓаните исто така ја нагласија важноста на инфраструктурата и спортските терени, кои мора да бидат дел од главните проекти на општината.

Општината ќе ги утврди динамиката на реализација на проектите и ќе ги селектира проектите за кои ќе аплицира на повикот за финансиска поддршка од Владата.

Во однос на предлозите за нови проекти, градоначалникот и општинската администрација ќе направат детална анализа на можностите и условите за реализација, кои ќе бидат објавени со соодветно образложение и временска рамка за реализација.

Слични Објави