Привремено затворање на паркингот кај спортската сала – апел за отстранување на возилата
ЈП Паркинзи Општина Битола објави дека од 03.02.2025 и неколку дена потоа, затворениот паркинг кај спортската сала Боро Чурлевски нема да работи поради поставување на топловодни инсталации.
Во соопштението се напоменува дека влезот и излезот од паркингот ќе бидат оневозможени, па се апелира до сите возачи да ги отстранат своите возила пред тој датум. Во спротивно, ЈП Паркинзи не сноси никаква одговорност за последиците кои може да настанат.
„Воедно апелираме на споменатиот ден сите паркирани возила да бидат отстранети од паркингот, во спротивно не сносиме никакви последици кои би настанале заради споменатите дејствија.“ стои во соопштението од ЈП Паркинзи Општина Битола