| |

Втора форумска сесија

Денес се оддржа втора форумска сесија на која преставници на НВО, од приватниот сектор, образовни институции, советници, претставници од општинската администрација ги презентираа концептите. Спроведувањето на Проектниот форум во заедницата е една од компонентите во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“, која ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери. Програмата е поддржана од Општина Прилеп како една од десетте општини учеснички во оваа фаза.

На оваа втора форумска сесија работните групи имаа можност да ги презентираат своите концепти, како и да се отвори дискусија и прифаќање на концептот од страна на форумот. Меѓу концептите беа вклучени следните: „Дигитализација на културното наследство и мултимедијален водич за спортско рекреативни активности на општина Прилеп “, „Свои на своето“, „Изградба на Инклузивно детско игралиште, обезбедување на лифтови/дигалки за лица со ограничено движење во „СОЕПТУ Кузман Јосифоски-Питу“ и „СОУ Ристе Ристески-Ричко во Прилеп ““, „Уредување на двор и воведување на спортски реквизити и содржини во градинки“.

 По презентирањето на концептите се отвори и дискусија и прифаќање на коцептите, како и дооформување на работните групи за развивање на предлог проектите.

Преку ваквиот начин на граѓанско учество се зајакнува транспарентноста на општините.

Наредно, ја очекуваме третата форумска сесија

Слични Објави