|

Премиера на документарниот филм за Тоше Проески

Заследете нѐ на Facebook и први дознавајте за новостите.


На 26 јануари со почеток во 19 часот во Младинскиот културен центар во Крушево ќе имате можност да ја погледнете премиерата на документарниот филм за Тоше Проески во чест на неговиот 43 роденден и да го запознаете овој великан преку луѓето кои најдобро го познаваа.

За Тоше во филмот зборуваат Томе Христоски градоначалник на Општина Крушево/Municipality of Krusevo , Тони Цетински, Јелена Томашевиќ, Жељко Самарџиќ, Андријана Јаневска, Огнен Неделковски, Соња Алексоска, пријателите на Тоше, членови на неговиот бенд и многу други.

Во документарниот филм ќе имате можност да го видите училиштето во кое учел Тоше, да го видите неговиот прв настап, неговиот последен настап, работите што ги чуваат неговите пријатели за да го паметат секогаш.

Овој филм се очекува да го пренесуваат сите домашни и меѓународни медиуми, а неговиот глас и дело да ги обиколи и обедини повторно поранешните ЈУ простори, Балканот, Европа и Светот,“ напиша градоначалникот https://www.facebook.com/TomeHristoskiKrusevo на неговиот ФБ профил.

Влезот е бесплатен за сите.

Слични Објави