|

Старата пожарна со нова намена- младински културен центар и центар за културно наследство на Преспа

Во просториите на Општина Ресен се одржа првата работилница со учество на невладините организации и здруженијата од општината, на која се дискутираше за реновирањето на објектот на старата пожарна. Овој простор ќе биде пренаменет во младински културен центар и центар за културно наследство на Ресен и Преспа.

На работилницата беше презентиран проектот за реновирање, кој се реализира во соработка со организацијата ЦИСС и во партнерство со Домот на културата „Драги Тозија“ – Ресен. Присутните имаа можност да го видат предвидениот изглед на обновениот објект, како и на просториите што ќе бидат реновирани. Во текот на дискусијата беа споделени идеи и предлози за потенцијалната намена на просториите во идниот центар.

Проектот има за цел да создаде модерен простор за млади, каде што ќе можат да се одржуваат различни културни и едукативни настани, како и да се зачува и промовира богатото културно наследство на регионот.

Слични Објави