|

Прилепската болница се подмладува – 21 доктор и 1 стоматолог во служба на прилепчани

Болницата „Борка Талески“ во Прилеп денес официјално доби значително засилување на медицинскиот кадар – 22 нови доктори кои ќе работат во различни служби согласно потребите на установата.



Станува збор за 21 доктор по општа медицина и еден доктор по стоматологија, сите млади професионалци кои својата кариера ја започнуваат токму во прилепската болница. Од установата велат дека нивното приклучување ќе овозможи поквалитетна, подостапна и побрза здравствена услуга за пациентите, но и ќе помогне во растеретување на постојните тимови.

„Инвестираме во човечки ресурси бидејќи веруваме дека силниот и стручен кадар е темелот на секоја современа здравствена установа. Новите доктори ќе придонесат за подигнување на стандардите и подобрување на третманот на пациентите“, соопштуваат од болницата.

Новопримените лекари ќе бидат распределени на повеќе одделенија, со што се очекува значително подобрување на организацијата на работата и скратување на времето за чекање на пациенти.

Од Болницата „Борка Талески“ додаваат дека ќе продолжат да инвестираат во знаењето, професионализмот и развојот на медицинскиот кадар, со цел градење современ, стабилен и достапен здравствен систем за сите граѓани.

Слични Објави