Прилепчанецот Доан добитник на ЕУ награда за интеграција на Ромите во образованието
Прилепчанецот Доан Сулејманоски е добитник на првата награда за придонес во интеграцијата на Ромите во Македонија, во областа на образованието. Ова престижно признание е доделено од Европската комисија, на главниот настан организиран по повод доделувањето на ЕУ наградите за интеграција на Ромите во Западен Балкан и Турција.
Наградата, како што вели тој, е заедничка и посветена на учениците, колегите, училиштето и целата Ромска заедница.
„Образованието е клучот за сите промени. Ако Ромите сакаме промена – никогаш не треба да се откажуваме од тоа. Времињата беа лоши, сега се добри, а допрва доаѓаат подобри времиња,“ изјави Доан по добивањето на наградата.
Неговата посветеност и работа со младите претставува вистинска инспирација за образовниот систем и за заедниците кои се соочуваат со предизвици, а ова признание претставува силен поттик за понатамошни чекори кон инклузивно образование и рамноправност.
Говорот од свечен настан по повод доделувањето на првата награда за особен придонес при интеграцијата на Ромите во Македонија, во областа на образованието. Наградата е доделена од Европската Комисија за земјите од Западен Балкан и Турција.
Говорот е на англиски и ромски јазик.