| |

Нема пречка за децата со попреченост на Могила

Нашите дечиња треба да играат заедно, без оглед кое – какво е. И дечињата со специјални потреби треба да бидат таму, за да ја почувствуваат енергијата на прифаќање од своите другарчиња, низ заедничка игра и палавштини. За жал, пристапноста на таквите детски игралишта не е секогаш обезбедена.

Општина Прилеп тоа го имала на ум, на „Форумите на заедницата“, каде токму таков проект беше избран за финансирање. Сега Општината го гради (скоро го заврши) тоа „Инклузивно детско игралиште“ – како што го нарекоа, па кажаа дека ќе чини 700.000 денари, од кои 28% се општински пари, а другите се од донаторите, во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ финансиски е поддржан ид Embassy of Switzerland in Macedonia, Швајцарската влада и Министерство за локална самоуправа, а екофинансиран и се спроведува преку Програмата за развој на Обединетите нации UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.

Да се надеваме дека бргу „ќе го биде“, на радост на дечињата, посебно на оние со поинакви и специјални потреби, заради тоа што сите знаеме дека нивниот психо – физички развој е многу често условен од чувството на социјално прифаќање, Гледаме нови и убави детски инсталации за разонода и рекреација и се надеваме дека бргу дечињата ќе ги заменат работниците, политичарите и функционерите.

Ајирлија да е работата и да си посакаме повеќе вакви проекти


Слични Објави