|

Во Прилеп одржана првата средба за проектот EWI – Жените од Прилеп добија информации за грантови од 2.500 и 5.000 евра

Денеска во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп се одржа првата информативна средба во рамките на проектот EWI – Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан, којшто има за цел да ги зајакне економските права на жените и да создаде услови за развој на женското претприемништво.



На средбата, организаторките ги информираа присутните жени за можностите што ги нуди проектот:

  • финансиска поддршка од 2.500 евра за започнување нов бизнис,
  • финансиска поддршка од 5.000 евра за унапредување на постоечки бизнис,
  • обуки и менторска поддршка за развој на бизнис планови и за водење успешен бизнис.

Проектот EWI – Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан, којшто е имплементиран од CARE Balkans во соработка со партнерите: ENECA (Србија), LINK (БиХ), Консалтинг за стратешки развој (Северна Македонија) и Tehnopolis (Црна Гора), со финансиска поддршка на Австриската агенција за развој (ADA), има цел да ги зајакне и оствари економските права на жените во регионот

Според организаторите, повикот е наменет за жени постари од 18 години кои имаат бизнис идеја или веќе водат бизнис во областа на производство, услуги или земјоделство. Посебен акцент е ставен на поддршка на жени од маргинализирани групи – невработени подолго од една година, жени со попреченост, самохрани мајки, млади жени до 30 години, жени над 50 години и жени од рурални средини.

Процесот на учество во програмата вклучува пријавување, селекција, задолжителни обуки, изработка на бизнис план, менторство и финална селекција на најдобрите идеи. Поддржаните бизниси ќе добијат не само грантови, туку и дополнителна менторска и советодавна помош, како и можности за промоција и вмрежување.

По денешниот настан во Прилеп, следат уште две средби:

  • во Кривогаштани, на 12 септември во 12:30 часот,
  • во Градско, на 16 септември во 11:30 часот.

Заинтересираните кандидатки можат да аплицираат преку онлајн формуларот: линк до апликација.

Со проектот EWI, жените од Северна Македонија добиваат реална можност за започнување и развој на бизниси, што воедно претставува чекор напред кон економска независност и родова еднаквост во општеството.

Слични Објави