|

Отворена уникатна етно изложба “Перничињата на мама”

Денес во фоајето од Центарот за Култура “Марко Цепенков”, беше отворена уникатна етно изложбата “Перничињата на мама”, на која беа презентирани педесетина домашни ракотворби – перничиња, изработени од прилепчанки низ годините, кои се дел од домашните оставини на мајките, бабите, свекрвите за своите деца кои биле дарувани како руво пред свадбените церемонии.

На уникатната изложба говореше етнологот Александар Цветкоски од НУ-Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Прилеп.

На изложбата присуствуваа и претставници од Општина Прилеп, градоначалникот на Општината Прилеп Борче Јовчески и Претседател на Совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски.

Оваа изложба не само што го прикажува богатото културно наследство кое што е вткаено во нашата македонска историја и талентот на нашите луѓе, туку и ја поттикнува инклузијата и соработката во нашето општество.

„За почеток е одлично се надеваме дека ова ќе премине во традиција оваа помалку запоставена традиционална домашна работа. Секој од нас како мал, на почетокот своите први соништа, ги имавме отсонувано на маминото перниче, направено своерачно од нашите мајки. Затоа ја пренесуваме традицијата, по повод Осми март, преку домашно изработени перничиња “ истакна Организаторите на настанот од активот на жените при Здружението на инвалидски пензионери на Прилеп, а под покровителство на Конфекција „Комфи Ангел“ Прилеп.

Слични Објави