„Спас за Прилеп“ повикува на предупредувачки протест против рудник за мермер во Леково
Здружението „Спас за Прилеп“ за 11 август 2025 година (понеделник) најавува масовен предупредувачки протест против отворањето на рудник за мермер во месноста Леково. Според здружението, целта е јавно и гласно да се испрати порака дека граѓаните се против уништување на животната средина за сметка на туѓи интереси.
Собирното место е раскрсницата пред рудникот „Сивец“ во 7:30 часот наутро, од каде што ќе започне протестниот собир. Организаторите најавуваат дека настанот ќе биде медиумски покриен.
„Не смееме да дозволиме природата да се уништува за приватни профити. Леково е наше и мора да остане чисто,“ порачаа од „Спас за Прилеп“.
Од здружението истакнуваат дека протестот е предупредувачки, но во иднина не се исклучуваат и порадикални чекори доколку институциите не ги слушнат барањата на граѓаните.
Со овој протест, „Спас за Прилеп“ испраќа јасна порака дека локалната заедница е подготвена да се бори за заштита на природните богатства и зачувување на животната средина во регионот.



