Велигденски концерт на пејачите од МАТРИКС
Во киното „Мис Стон“ се одржа годишен – велигденски концерт на музичкото училиште МАТРИКС. Овој концерт беше посветен на учениците по соло пеење за чија едукација зе грижи проф. Денис Димоски. Тој е од самиот почеток во МАТРИКС и како што ни кажа, вистинско задоволство е да се работи со младите талентирани прилепчани.
На концертот настапија повеќе од 20 дечиња и младинци од 5 до 25 години, кои ни испеаја песни од скоро сите популарни жанрови.
Директорот на училиштето Давид Нешкоски изјави дека училиштето во секој момент има троцифрен број на ученици, а големата заинтересираност за нивните часови ја предизвикуваат со начинот на работа. Секогаш се тука за учениците да го научат она што ги привлекува, без разлика на жанр и стил. Часовите во МАТРИКС се исполнети и со забава, што особено важно за најмладите ученици.
Кога се работи со љубов и посветено, резултатите се неизбежни. Веќе голем дел од учениците редовно настапуваат низ локали, работат своја музика, имаат бендови.
МАТРИКС една убава гратска приказна, која треба да се раскажува и трае.