Преспанско езеро изгубило 1 метар во последните две години
За првпат откако се вршат мерењата, денеска на Преспанското Езеро е измерен водостој понизок од 841 метар надморска висина (мнв) – 840,97 метри, односно тој бил на кота од над шест и пол метри (-663 цм) под референтното ниво од 847,60 мнв., објави на „Фејбук“ професорот од Битола, Дејан Трајковски.
Нивото на езерото е на 19 сантиметри пониско од ланскиот и историски минимум. Во декември се очекува падот на водостојот да продолжи и да достигне до кота -690 цм. Втора година по ред езерото губи по околу половина метар од нивото на водата, односно околу 125 милиони кубни метри вода. Денеска, на пример, е водостојот е на цели 55 сантиметри пониско од истиот ден лани.





