„СЕГА“ ГИ ПОВИКУВА МЛАДИТЕ НА СРЕДБА
Во Вторник, 17-ти Декември од 10 до 14.30 часот, во фоајето на НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. ќе се одржи Саем за вештини, вработливост и кариера, во организација на коалиција на младински организации – „СЕГА“.
Ова е вашата шанса да се поврзете со претставници од успешни компании, да дознаете повеќе за потребните вештини на пазарот на трудот и да ги откриете можностите за нови вработувања. Дополнително, ќе имате можност да се информирате за различни образовни програми и курсеви кои ќе ви помогнат да ги развиете вашите вештини и да ја подобрите вашата конкурентност на пазарот на трудот. – пишуваат на нивниот фејсбук профил СЕГА.