Преместена изведбата на претставата „Чиста куќа“
Претставата „Чиста куќа“, која првично беше закажана за 24 септември 2025 година (среда) во 20:00 часот, ќе се изведе во сабота, на 27 септември 2025 година, во 20:00 часот на Големата сцена во НУЦК „Марко Цепенков“.
Купените билети важат и за новиот термин, а посетителите кои имаат направено резервација се замолуваат да ја потврдат на телефонскиот број на билетарницата: 076/442-378.
Според соопштението од театарот, промена на датумот е направена поради технички причини и со цел обезбедување квалитетна изведба пред публиката.



