| | |

ПОКАНЕТЕ ЈА СВОЈАТА ОМИЛЕНА ДАМА НА ТАНЦ – „Музика и филм кај Саатот 2“.

„Winter Apricots“ и „Јавен Простор Прилеп“, во Недела 24. Август, ви ја приредуваат втората заедничка вечер од циклусот настани „Музика и филм кај Саатот“.

Настанот има за цел да го оживее централното градско подрачје и да понуди простор за дружење, запознавање и размена на идеи. Програмата започнува во 20:30 часот со избор на тематски кратки филмови од Интернационалниот фестивал на кратки филмови Winter Apricots, кои ќе бидат прикажани во кино-просторот.

По проекциите следува градска забава со многу познати македонски и странски рефрени во изведба на прилепскиот бенд The Doctors и нивните гости.

Вечерта е посветена на девојките и жените кои инспирираат и го прават секојдневието поубаво. Организаторите ги повикуваат присутните да ја поканат својата омилена дама на танц и пијалок во соработка со кафе-баровите Чоше и Носталгија.

Настанот е поддржан од Кафе Чоше, Кафе Носталгија, Златни пуканки и Општина Прилеп.

Слични Објави