Прилепчанецот Рубин Димкоски нов гитарист на култниот бенд „Меморија“

Култниот бенд „Меморија“ вчера ја имаше последната проба пред конертот во Штип на 1 Јуни, што ќе се одржи во „Дом на млади“. Бендот добива една сосема нова енергија која ја носи Рубин Димкоски, еден од најдобрите гитаристи во Македонија, а во Прилеп добро познат по повеќе бендови. На пробата се забележа дека комплетно се вклопил, гитарските делови звучат одлично и задачата која ја доби да замени двајца гитаристи ја исполнува на феноменален начин.

На концертот фановите ќе ги слушнат сите хитови на „Меморија“ .и неколку изненадувања кои што само ќе го зголемат уживањето. Концертот е скоро распродаден, па ако сакате да бидете дел од една магична вечер, побрзајте. KEEP ROCKING GUYS !!!

Слични Објави