Климент Ристески со награда од меѓународен натпревар за руска романса
Овој викенд во Р.Бугарија се одржа меѓународен натпревар за руска романса “Романсијада”, каде настапуваат натперварувачи од целиот свет, соло пејачи до 25 години
17 годишниот Климент Ристески ја освои високата трета награда на ова натпреварување.
Тој е ученик во Државното музичко училиште во Битола, III клас од класа соло пеење на проф. м-р Маја Митровска. Клиумент настапи во пијано придружба на Елена Силјановска, корепетитор во МОБ, соопштија од Државно музичко училиште – Битола.