ПРЕКУ ПРОГРАМАТА РОМАКТЕД 18 ЛИЦА СЕ СТЕКНАА СО ДИПЛОМИ

Општина Битола, во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програма Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ ја реализираше акцијајата „Поддршка за дооформување на основното образование за возрасни лица Роми“,

Во рамките на оваа акција, 18 лица се стекнаа со дипломи, од кои 12 лица добија сведителства за завршено основно образование, а 6 лица се стекнаа со дипломи за завршен курс за шминка.

Учесниците во акцијата на денешната средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изразија голема благодарност за вклученоста на општината во оваа акција, со што за нив се создадени поголеми можности за понатамошно работно ангажирање.

Целта на акцијата „Поддршка за дооформување на основното образование за возрасни лица Роми“ беше директно да го промовира и унапреди образовното ниво на дел од ромската заедница во Општина Битола, со цел да им овозможи на Ромите да бидат конкурентни и да им го олесни пристапот на пазарот на труд.

Слични Објави