| |

Европа слушна за ширденот

Ширденот, кој го сметаат за Прилепско јадење и неговата презентација пред „странците“, нека биде само прв од серијата јадења и приказни, затоа што јадењето не е добро само за јадење, туку и за размислување…. за туризмот и заработката. Јелена токму тоа го ималше на ум, кога се јави да „го сними ширденот“.

Туристичката промоција на местата – кои вреди да се посетат, не само во нашата Европа, туку и во светот веќе одамна „оди и преку стомакот“, па Прилеп, кој има најмалку уште 40 вредни кујнарски специјалитети, треба да се сети на овој факт и да пласира „гастрономска карта“ на градот, илустрирана и со легенди за настанокот на самите специјалитети, а некои од нив се и пред доаѓањето на Отоманската Империја на овие простори. Не е лошо и овие специјалитети да се сочуваат од заборавот – колку и чудно да звучат и да изгледаат како некомпатибилни со 21 – от век.

На пример, „Клин чорбата“ кај нас е спомната како „Чорба од маша“, а разни европски варива, кај нас се познати и како „Касапски грав“ и како „јавнии“ и како чорби. Има помени дека во Прилеп се варел и грав со слануток и леќа, на црни домати и со 3 вида месо, но кој да се сети на тоа? Праз чорбата со сливи е реминисценција на француските потажи и така без крај. Навистина, „светиниколската сарма“, „девет табани“, зелниците и мазниците, многубројните видови „питулици“ и „тури – потпечи“, толчените пиперки и црвените суви толчени пиперки заслужуваат да се најдат на листата на највпечатливи специјалитети на европската почва. Прилеп ја има единствената „течна салата“ на светот. Околу туршиите и „наклаеното во каче“, со многуте пропратни хумористични и ласцивни приказни, кои народниот гениј нѝ ги оставил, а кои ние скоро и да не ги користиме, за „да не бидеме прости“, скоро никој – ништо не кажува.

Прилепскиот ширден стаса на страниците на Дојче Веле. Нашата долгогодишна соработничка и проектна партнерка на www.otv.mk OTV Prilep од https://www.mic.org.rs/otvorena-televizija Мрежата, Јелена Ѓукиќ Пејиќ, од Србија, ја сними емисијата за прилепскиот ширден за Дојче Веле.

Љубезните пријатели од @Македонска Куќа ЛАКИ Прилеп тоа го овозможија за оваа мајсторија да дојде пред камерата на Дојче Веле и светот да го виде овај прилепски специјалитет.

Слични Објави