| |

(видео) Преку австриско искуство до поефикасни социо-здравствени услуги – Медицинска сестра во заедницата

Денес, во фоајето од Домот на култура Марко Цепенков во Прилеп, се одржа работилница на тема “Медицинска сестра во заедницата – насоки за воспоставување на услуга Медицинска сестра во заедницата низ размена на знаења и активности”. Работилницата беше организирана од Здружението Центар за развој и едукација Прилеп во соработка со партнер организациите од Република Австрија, а исто така беше достапна за онлајн следење преку ZOOM платформата.

Целта на работилницата беше да се истражат можностите за развој и имплементација на социо-здравствени услуги во заедницата, со посебен фокус на улогата на медицинските сестри и потребата од квалитетни стандарди и процедури за нивната работа.

Присутните ги поздрави Марина Тошевска – координатор на проектот и Г-дин Харалд Фуер – аташе, Австриско Сојузно Министерство за труд, социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи. На настанот говореа и споделија искуства од своите земји, – Г-ѓа Кристина Шиндлегер, претставник од Австриското Социјално Министерство, која ја презентираше правната рамка и ЕУ регулативите за воспоставување на програма за медицинска сестра во заедницата, со фокус на процедурите и методите за мониторирање и евалуација на овие услуги и Г-дин Бесим Нури, проектен менаџер на проектот “Здравје за сите” во Албанија, ги сподели своите искуства и практични увиди од имплементацијата на здравствени услуги во домот, како и политичките предизвици и стратегии за обезбедување достапност на овие услуги.

Работилницата заврши со позитивни резултати и насоки за идната имплементација на социо-здравствени услуги во локалните заедници, со нагласена потреба од соработка помеѓу институциите и заедниците.

Настанот е дел од проектот “ТРАНСАКТ: Трансформирање на глобалните општествени предизвици во реални локални активности”, поддржан од Австриското Сојузно Министерство за труд, социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи.

Слични Објави