СИМБОЛИЧНИ НАГРАДИ ЗА ХЕРОИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
Денес во Општина Прилеп е остварена средба со наградените и избраните.
Хероите на нашето општество – наставниците, воспитувачите и негователите.
- Најдобар наставник од основните училишта од општина Прилеп – Милан Јаковоски
- Најдобар наставник од средните општински училишта – Блаже Димески
- Најдобриот воспитувач – Лидија Стојаноска
- Најдобриот неговател – Александра Шипинкоска – Стојаноска од ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп.
Оваа година за првпат според новиот правилник преку Советот на Општина Прилеп и врз основа на јавно објавен повик, доделени се симболични финансиски награди за нивните остварени успеси и вложен труд.
Со овие признанија, не само што се вреднуваат нивните заложби и напорна работа, туку и се вложува во иднината на образованието.
Ваквото признавање служи како поттик за повеќе труд на обезбедување поквалитетно образование за најмладите.
„Ако треба да ставите некого на пиедестал, ставете ги наставниците. Тие се херои на општеството.
Со почит, посветеност и заеднички напори, ќе продолжиме да ги поддржуваме и наградуваме оние кои се вистински темел на нашето општество“. - стои на фејсбук страната на градоначалникот Борче Јовчески.