Повреден германски параглајдерист во Крушево, со хеликоптер се пренесува

Центарот за управување со кризи соопшти, дека денеска во 18:11 часот на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за тешко повреден германски државјанин, параглајдерист.

Поради сериозноста на повредите од екипата на итната медицинска помош и градоначалникот на Крушево е побаран итен хеликоптерски транспорт.

Тој има отворена скршеница на едната нога и веројатна повреда на рбетот и се наоѓа на полетиштето за параглајдери пред Мечкин Камин во Крушево, како што наведувааат од ЦУК.

Полицискиот Ми-171, во кој се наоѓам во моментот, итно го пренасочивме кон тешко повреденото лице и моментално сме во непосредна близина на Крушево, информира ЦУК.

Слични Објави