Од денеска поевтинуваат 700 производи во српските маркети

Над 700 производи од денеска до 1 октомври граѓаните во Србија ќе може да ги купат во 2.500 продавници во рамки на кампањата „Најдобра цена“, која вклучува прехранбени производи и средства за хигиена по цени што се поповолни и од оние кои се на акција.

Денеска стапува на сила акцијата „Најдобра цена“ во која 81 категорија производи или околу 700 артикли ќе бидат на голем попуст.
Секој производ што е дел од оваа кампања ја има ознаката „Најдобра цена“. Со оваа акција граѓаните ќе можат да заштедат од 8.000 до 22.000 динари.

Попустот во просек ќе биде 26,82 отсто, рече премиерот Вучевиќ на презентацијата на акцијата и истакна дека домаќинствата ќе можат да заштедат од 8.000 до 22.000 динари месечно со купување на производи кои ќе бидат вклучени во акцијата.

Пилешко килограм со попуст, процентот на намалување на цената е 15,2%, свинско 11,57% пониска цена, риба 30,65% пониска цена, кисело млеко 20,59% пониска цена, јајца 13,41% чоколадно млеко 15, 30%, брашно 500 попуст 21,55%, ориз еден килограм, најдобра цена за 17,85% во однос на постоечката цена, детергент за перење 5,4 кг пониска цена за 44,75 %. …

Aкцијата ќе трае до 31 октомври.

Слични Објави