Новата учебна година започнува со 500 помалку првачиња
Оваа учебна година започнува со 245.000 ученици во основните и средните училишта, што е намалување од 17.000 ученици во последните седум години.
Според податоците на МОН, бројот на ученици е намален за 17 илјади во последните седум години а бројот на првачиња е намален за околу 3.500 илјади.
Новата учебна година започнува со помалку првачиња. Во мај, во основните училишта се запишале 17.200 првачиња или 500 помалку од лани.
Министерката за образование најави дека имплементацијата на новата концепција за основно образование за учениците од седмо, осмо и деветто одделение е одложена. Причината за ова е незадоволството на наставниците околу интегрирањето на предметите, кое, според нив, може да ја наруши суштината на образованието
Основците и средношколците ова година нема да имаат пролетен распуст, оваа одлука ја донесе МОН врз основа на спроведената анкета меѓу наставниците, родителите и учениците, кои во мнозинство се изјасниле дека ваков распуст не е потребен. Летниот одмор, почнува на 11 јуни, а завршува на 31 август.