КОМФИ АНГЕЛ И ЗДРУЖЕНИЕТО „ФИЛИП ЛУКАРОСКИ“ СО ЕДУКАТИВЕН НАСТАН ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ВРАБОТЕНИТЕ
Здружението за унапредување на здравјето „Филип Лукароски“ во соработка со компанијата Комфи Ангел одржа здравствено-едукативен настан со дел од вработените во компанијата.
Комфи Ангел е пример за општествено одговорна компанија која континуирано вложува во благосостојбата и здравјето на своите вработени, потврдувајќи дека грижата за човекот е темел на секој успешен систем.
Настанот беше посветен на Мовембар – месецот на машкото здравје и подигање на свеста за превенција и психолошка поддршка. Пораката што ја испратија организаторите е јасна:
„Силата не е во тоа да молчиме, туку да зборуваме. Не е во тоа да криеме, туку да споделиме. Да прашаме ‘Како си?’ – и навистина да го слушнеме одговорот.“
Мовембар не е само симбол на мустаќи, туку потсетник дека секој маж има своја приказна, борба и надеж – и дека никој не треба да поминува низ тоа сам.
Да ги негуваме разговорите што лечат, навиките што спасуваат и поддршката што охрабрува.
Бидејќи вистинската сила е во грижата – за себе, за пријателите, за колегите и за заедницата.



