Нов декан на Ветеринарниот факултет во Битола – проф. д-р Панче Дамески

Од 3 ноември 2025 година, Ветеринарниот факултет во Битола официјално има ново раководство. На чело на институцијата стапува вонр. проф. д-р Панче Дамески, реномиран универзитетски професор и признат експерт во областа на ветеринарната хирургија и кинологијата.

Проф. Дамески зад себе има богата академска кариера, научни трудови и долгогодишно искуство во едукацијата на идните ветеринари. Неговото именување се очекува да донесе нова енергија и продолжување на развојната визија на факултетот.

Од Ветеринарниот факултет истакнуваат дека новото раководство ќе продолжи со унапредување на квалитетот на теоретската и практичната настава, како и со зајакнување на научно-истражувачките активности и меѓународната соработка.

Слични Објави