| |

НВО Станица П.Е.Т. ги подготвува младите за предизвиците на претприемништвото во руралните средини

Младите од руралните средини се соочуваат со проблеми во пронаоѓањето на информации за вработување, што резултира со недоволно користење на мерките и поволностите што ги нуди државата и бизнис секторот. Се проценува дека над 70% од младите, не се доволно информирани за овие можности.

Заследете нѐ на Facebook и први дознавајте за новостите.


Одговор на ова прашање е иницијативата на НВО Станица П.Е.Т. од Прилеп, кои организираа „Отворен ден за афирмирање на активни мерки и постоечки можности за поддршка на социјално и бизнис претприемништво“. Целта на овој проект е да се подобри информираноста на младите, како и да се обезбеди поддршка за нивното вклучување на пазарот на труд.

Џенгис Бериша, претставник на НВО Станица П.Е.Т., истакна дека овој проект ги оспособил и едуцирал младите за пазарот на труд, преку успешни модели и приказни на бизнис заедницата и социјалното претприемништво.

Маја Петанческа, менаџер во социјално претпријатие „КЛУБ ПЕТ“, нагласи дека е потребно да се вклучат образовните и другите институции, како што се Агенцијата за вработување и Владата, за креирање на мерки за вработување на младите и помагање во отворањето на бизниси. Сепак, за намалување на иселувањето, потребно е вмрежување на сите сегменти и чинители во општеството кои се поврзани со младите, образовниот сектор, државата и стопанството.

Беџехудин Сулејмани од с. Црнилиште, укажува на тоа дека во иднина треба да се организираат повеќе активности за информирање на младите за можностите за вработување, за да не размислуваат да заминат во странство.

Проектот „Социо-економско јакнење на младите од Општина Долнени“ цели да ја стимулира самата Општина во иднина да ги организира ваквите настани, воспоставувајќи конекции помеѓу младите и бизнис секторот.

Слични Објави