По 7 месеци борба и Панчо „одлета“ кај другите жртви од „Пулс“
Владимир Блажев – Панчо, член на дуото ДНК почина утрово во 10 часот, по долго лекување во приватната болница „Систина“.
Панчо извесно време бил во кома, а според непотврдените информации, за неговата психичка состојба работел поширок тим составен од психолози и психијатри.
Панчо имаше тешки изгореници на лицето и на рацете.
Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март годинава загинаа 62 лица. Над 200 беа повредени.
Меѓу загинатите во несреќата беа и осум члена на групата ДНК.



