|

Алармантно! Мајка и син во Македонија гладуваат речиси еден месец – апел за итна помош

По објавите во повеќе национални медиуми за тешката животна приказна на мајка и син кои се борат со сериозни здравствени проблеми и живеат во трошна куќа без основни услови за живот, во редакцијата на otv.mk директно се обрати и самата мајка со вознемирувачки апел за помош.



Таа за otv.mk изјави дека веќе 25 дена таа и нејзиниот син се без храна, а доколку не добијат итна помош, до понеделник тие ќе бидат цели 28 дена гладни.

Ситуацијата е алармантна, не ни помага ни државата ни роднини“, ни напиша мајката, објаснувајќи дека немаат ни основни средства за преживување, ниту можност да си обезбедат храна, лекови и елементарни услови за живот.

Ова сведоштво фрла ново, уште потешко светло врз веќе познатиот случај и отвора сериозни прашања за тоа колку институциите и општеството навистина реагираат кога некој е на работ на преживување.

💳 Податоци за донации

Девизна сметка (на име на Дивна Младеновска):

  • Банка: Стопанска банка АД Скопје
  • IBAN: MK07200004262956380
  • SWIFT: STOBMK2X
  • Валута: EUR

Слични Објави