|

ДРВОКРАДЦИ – Камикази, уништиле возило на шумска полиција

Денеска во Прилеп дрвокрадци со намерен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп. Директниот судар се случил додека службените лица се обидувале да интервенираат во случај на нелегална сеча на дрва.

Случајот го потврдува континуираниот проблем со нелегалната сеча на дрва, која со години е присутна во овој дел на Македонија. Одговорните институции треба да преземат сериозни мерки за заштита на природата, но и за обезбедување на безбедноста на службените лица.

Заменик-директорот на „Македонски шуми“, Кире Михаилов, објави дека сторителите се познати нарушители кои редовно ја уништуваат природата, но и покрај честите фаќања, остануваат на слобода. Тој апелира до судот и обвинителството за построги мерки, предупредувајќи дека не смее да се чека трагедија за да се реагира. Михаилов нагласи дека борбата со дрвната мафија ќе продолжи без отстапки.

Слични Објави