Општина Долнени – Македонија во мало (видео)

Општина Долнени со сите свои карактеристики потсетува на Македонија во мало. 43 населени места кои се исполнети со население од скоро сите етничики заедници и сите конфесии кои нашата држава ги има.

Овој регион кој што е пред се земјоделски, се води секојдневна борба со инфраструктурата и условите за живот. Локалната самоуправа вложува напори за подобрување на истите, но дали е тоа доволно?

За подобро функционирање на секоја локална самоуправа секогаш е добредојдена контролата од жителите, а тие можат тоа да го прават само доколку се добро информирани, како нивните претставници во советот, заедно со градоначалникот ги спроведуваат политиките и пред се како ги трошат парите од општинскиот буџет. За добра информираност, секогаш е потребна транспарентност на општината. За таа цел покрај оснивните и класични начини на информирање, Општина Долнени веќе има и нова веб страница, на која што треба да ги објавува сите информации од јавен карактер.

Во видеото проследете го разговорот со градоналачникот Урим Ибески:

Слични Објави