Саем на книга – Скопје
Саемот на книгата во Скопје се одржува до 14 мај во СЦ „Борис Трајковски“ со богата програма и бројни издавачи. „Македоника литера“ се враќа со над 600 наслови и промоции на нови книги од Киро Донев (9 мај) и Марина Димитриева Ѓорѓиевска (12 мај). „Аз-буки“ слави 25 години со селекција од филозофски и теориски изданија, а „Сакам книги“ донесува специјален гостин – Себастијан Фицек, кој на 10 мај ќе ги претстави своите нови книги и ќе се сретне со читателите.