| |

Блаже кај Конески (видео)

Денес во Спомен домот на Блаже Конески во с.Небрегово се одржа настан по повод јубелејот 80 години македонска азбука и 20 години Спомен дом на Блаже Конески.

Учениците од ООУ„Блаже Конески“ – Прилеп на овој настан рецитираа дела на Конески и учеа за неговиот живот и дело, со акцент на неговото детство. Дирекорката на НУ Завод и Музеј – Прилеп, Мимоза Христоска се обрати на настанот, истакнувајќи ги детските денови на Конески, кога тој пројавил голема љубопитност кон старите македонски зборови и кога некој збор не го разбирал, ги препрашувал старите луѓе како го изговориле и што значел.

Директорака на ООУ„Блаже Конески“ – Прилеп, Мартина Пројческа се обрати пред своите колеги и ученици со порака дека кодифицирањето на македонската азбука пред 80 години, не е само историска пресвртница, а и симбол на македонскиот културен идентитет.

Овој настан се реализираше во рамки на јубилејот 70 години Завод и Музеј Прилеп.

Слични Објави