|

(видео) „Силјан Штркот“ Ден 3: Ивица и Марица ја покажаа целата чистота кај децата

Вчера на третиот ден од Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“, Мал Театар Прилеп, на дечињата им ја оживеа една од најпознатите бајки на Браќата Грим, „Ивица и Марица“.

Најважното кое што треба да се спомне од следењето на оваа претстава е тоа што приказната ја извади целата чистина и добрина која што децата природно ја носат. Навиваат на протагонистите и имаат храброст да се спротивстават на негативецот и во очи да му кажат дека ЛАЖЕ. Тоа се покажа во понудената интеракција од актерите. Дечињата точно знаат што е добро, а што лошо. Што е вистина, а што лага.

Мал Прилепски Театар, составен од неколку прилепски актери, иако со скромни средства, во град кој нема театарска зграда веќе подолго време, направиле функционална сценографија, убава за детските очи и костими веродостојни на ситуацијата. а во играта за деловите во шумата го користеа гледалиштето. Концепт кој можеби го отежнува следењето на тие сцени, сепак ги доближува актерите до децата, а тие искрено ја прифатија таа игра и живееа со актерите од прв до последен момент.

На децата им требаат вакви претстави, за да ја чуваат чистината и да се развиваат во добри личности: На Мал Прилепски Театар му треба поддршка од Прилеп, за да продолжи да ги радува и едуцира нашите деца.

Слични Објави