|

ОТВОРЕНА ПРВАТА ,,МИНИ ОЛИМПИЈАДА НА ЦРВЕН КРСТ“ ВО БИТОЛА

Со палење на олимпискиот оган, синоќа во Битола, започна првата „Мини Олимпијада на Општинската организација на Црвениот крст“.

Во престојните денови до 24 август на различни локации, граѓаните на општина Битола ќе имаат можност да ги следат натпреварите на учесниците од различни категории во повеќе спортови: фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, трчање и пливање.

Собраните средства од „Мини Олимпијадата“ ќе бидат насочени во хуманитарни цели.

На отворањето на Мини Олимпијадата, присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој честитајќи им на членовите на Црвениот крст и претседателката Лилјана Ристевска за ваквата нова и значајна активност за Битола, им посака среќа на сите натпреварувачи.

Присутните ги забавуваа групата „Гром“, КУД „Илинден“ и волонтерите на Црвениот крст со своите подготвени изведби.

Слични Објави