Во Прилеп измерени -5 степени, денес облачно со сончеви периоди
Утрово низ Македонија беа измерени ниски температури, а најстудено беше на Попова Шапка каде што се регистрирани -11 степени Целзиусови, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Температури под -8 степени се измерени во Куманово (-9), како и во Скопје-Петровец, Берово и Крива Паланка (-8). Во Тетово, Демир Капија и Маврови Анови утринската температура изнесуваше -7 степени.
Во Прилеп утрово беа измерени -5 степени Целзиусови. Во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Штип, Виница, Кавадарци и Крушево температурата се спушти до -6 степени, додека во Гевгелија и Претор беа измерени -3, а во Охрид и Битола -2 степени.
Во изминатите 24 часа, до 7 часот изутрина, најмногу врнежи се регистрирани во Охрид (5 l/m²), Маврови Анови (3 l/m²), како и во Тетово, Демир Капија и Пожар (по 2 l/m²). Во Крива Паланка и Крушево се измерени по 1 l/m², а снежна покривка од 1 сантиметар е евидентирана само во Крива Паланка.
Според прогнозата на УХМР, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, во западните и северните делови од земјата се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а максималните дневни температури ќе се движат од 3 до 9 степени.
Во Прилеп денеска се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а дневната температура ќе се искачи до околу 5 степени Целзиусови.



