Отворен центар за менаџирање на дебелина во Прилеп – нов пристап кон поздрав живот

Во Прилеп и Пелагонискиот регион започнува со работа нов Центар за менаџирање на дебелина, кој има за цел да им овозможи на граѓаните современи здравствени услуги и сеопфатен пристап кон справување со овој сѐ почест здравствен проблем.

Станува збор за прв ваков организиран пристап во регионот, каде преку стручен тим и индивидуализирани програми ќе се работи на подобрување на здравјето и квалитетот на живот на пациентите.

Центарот нуди професионално следење, советување и третман на лицата кои се соочуваат со прекумерна телесна тежина, со фокус не само на намалување на килограмите, туку и на долгорочно одржување на здрави животни навики.

Одговорен доктор за работата на центарот е специјалист д-р Катерина Чешлароска Маркушоска, која истакнува дека дебелината не е само естетски, туку сериозен здравствен проблем што бара систематски и стручен пристап.

Со отворањето на овој центар, граѓаните од Пелагонија за првпат добиваат можност за интегрирана грижа на едно место – од дијагностика, преку советување, до следење на напредоко

Дел од испитувањата покашуваат – „ Денес над 1 милијарда луѓе во светот живеат со дебелина. До 2035 година, се очекува половина од светската популација – околу 4 милијарди луѓе, да живее со прекумерна тежина или дебелина.
Ова не е само проблем на возрасните. Дебелината кај децата брзо расте, а стапките кај децата на училишна возраст се зголемиле речиси петкратно од 1975 година, особено во земјите со ниски и средни приходи.
– Се проценува дека 31% од децата во РСМ имаат зголемена телесна тежина, а 14% живеат со дебелина.
Многу деца веќе доживуваат рани знаци на хронични болести, како што се дијабетес, срцеви заболувања и одредени типови на рак. Дебелината во детството често продолжува и во зрелоста.

Центарот претставува значаен чекор кон подигнување на свеста за здравиот начин на живот и превенција од хронични заболувања поврзани со дебелината.


Слични Објави