„Ученици од СОУ ,,Ѓорче Петров” сами изработија и донираа чаршави на болницата „Борка Талески“
Одлична иницијатива и пример на соработка помеѓу учениците, наставниците и здравствените институции!
Ученици од втора и трета година од текстилно-кожарската струка при СОУ ,,Ѓорче Петров” под менторство од професорката Здравка Најдоска на часовите по пракса изработија и ги донираа креветски чаршави ортопедското одделение од Градската болница ,,Борка Талески”.
Донирањето на креветски чаршави за ортопедското одделение од Градската болница “Борка Талески” е одличен начин да се прикажат вештините и знаењето на учениците од текстилно-кожарската струка, а во исто време и да се помогне на болницата. Технологијата и креативноста кои се вложени во оваа донација ќе имаат позитивен ефект, како на учениците, така и на пациентите кои ќе ги користат производите.
Продолжувањето на соработката ќе овозможи дополнителни можности за развој на практични вештини, а истовремено ќе го зајакне партнерството помеѓу училиштето и здравствените установи.