Свечено одбележан патрониот празник на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Канатларци
Со богата културно-уметничка и спортска програма, Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Канатларци го одбележа својот патронен празник, во чест на Денот на словенските просветители, Св. Кирил и Методиј – 24 Мај.
Настанот започна со свечена приредба на која учениците на македонски и турски јазик изведоа рецитали и стихотворби. Посебно внимание привлече настапот на најмладите ученици, кои со своите рецитали внесоа ведрина и емоции во прославата.
Покрај културната програма, беа организирани и спортски натпревари во одбојка и фудбал. Најуспешните учесници добија благодарници, медали и статуетки, во знак на признание за нивната ангажираност и спортски дух.





Присутните ги поздрави директорот на училиштето, г. Усеин Ариф, кој во своето обраќање ја нагласи важноста на образованието, соживотот и мултикултурната соработка што се негуваат во училиштето.
Свеченоста ја збогатија и претставници од Општина Прилеп – советници, директори на други училишта, како и родители и членови на локалната заедница.
ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Канатларци е препознатливо по неговата посветеност на образовниот процес и по примерот на соживот и взаемно почитување. Наставата се одвива на македонски и турски јазик, што го одразува духот на единство и разбирање во мултикултурната средина.



