МАЈТАП ФЕСТ
Најавата е дел од перформансата произведена во рамките на проектот „Училиштата во музеите или музејот во училиштата“, снимена во соработка на НУ Завод и Музеј – Прилеп и ООУ Кире Гаврилоски.
Задолжени наставници: Јованка Антоска и Розита Кареска.
Ајде заедно да ја зачуваме традицијата за мајтапење!
Приклучете се и вие на „Мајтап Фест“, во организација на ОТВ!
Сѐ што треба е да вклучите камера на вашиот смартфон, да се снимите како кажувате некој мајтап и да нѝ го испратите мајтапот преку контакт формата во продолжение, а ние ќе го објавиме вашиот мајтап на нашиот YouTube канал, како и на веб сајтот, во секцијата „Мајтап Фест“.
Не мора да си Прилепчанец, мора само да си мајтапчија кој сака да го сподели својот мајтап со јавноста.