|

Библиотеката „Борка Талески“ ја отвора официјално, Првата Трајна Поставка на дела од прилепските уметници

Во петок 08.09.2023 година, со почеток во 19:00 часот, Библиотеката „Борка Талески“ ја отвора официјално, Првата Трајна Поставка на дела од прилепските уметници. Прва во градот, во сопственост на Библиотеката.
-Во времиња кога повторно мораме да го докажуваме својот идентитет, како народ и држава, на Денот на независноста, кога чествуваме 32 години државност, независност, самостојност, мислам дека овој е одличен начин да потсетиме и потврдиме дека Градот Херој и Првоборец – Прилеп, има значајно учество во создавањето на нашата држава, во нејзиниот развој, опстој, но и во негувањето и создавањето на културното наследство кое што го дефинира еден народ и една земја. Збирката од 26 дела, еден мурал, уметнички слики работени во различни техники, скулптури во мермер, метал, дрво, комбинирана техника … за почеток од 23-ца автори, меѓу нив, репрезенти на уметничката авангарда на Прилеп, но и млади автори, кои допрва ќе се докажуваат и потврдуваат става повторно печат врз културните вредности кои како вруток извираат од Прилеп. Поставката е репрезентативна, и по отворањето граѓаните во секој работен ден во иднина ќе можат да ја посетуваат, да уживаат во убавините на ликовното творештво, во уметноста. Оваа поставка секако ќе има и своја улога во културниот туризам, вели Моника Талеска, директор на библиотеката, која што е автор на проектот.
За уметничките вредности на поставката ќе говори, Корнелија Конеска, извршен директор на галеријата „ОСТЕН“ – Скопје. На отворањето присутните ќе ги поздрави градоначалникот Борче Јовчески, кој е поддржувач и почитувач на културата, не само како градоначалник на Прилеп, град со исклучително културно наследство.
На денот на отворање на поставката, свој перформанс ќе има дуото: Андијана Дукоска – виолончело и Илија Волчески-саксофон.

Слични Објави