Отчетноста и транспарентноста има „многу лица – Прилеп и Битола пример за буџетска отчетност и транспарентност
Буџетската отчетност и транспарентност ја стимулира и мониторира и УСАИД низ свој проект, но и други организации. Еве една објава, која произлегува од извештај на УСАИД, во која се споменати општините Прилеп и Битола како пример за буџетска отчетност и транспарентност, мерено спрема нивните проектни критериуми. Тука се истите општини споменати и како добар пример за редовно објавување информации за доставување и подмирување на даночните обврски. Отчетноста и транспарентноста има „многу лица“, кои општините мораат да ги покажат и докажат. На потез се граѓаните, кои треба да бидат присутни на јавните средби на општините, каде можат да критикуваат, да даваат сугестии, идеи, визии и да си ги „вкалапуваат“ општините, по мерка на граѓаните. Општините се на тоа обврзани со закон, па да го искористиме тоа и повторно да си ги земеме општините назад.
Општина Битола, бележи подобрување на буџетската транспарентност и претставува добар пример на државно ниво за отчетност кон граѓаните.
Ова го потврдува извештајот за фискална – буџетска и даночна транспарентност, изготвен од УСАИД во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“ кој им помага на партнер општините во унапредување на транспарентноста и отчетноста во процесите на прибирање, трошење и контрола на сопствените ресурси, со цел ефикасна испорака на услугите до своите граѓани. Strengthening Resource Mobilization Activity – North Macedonia
УСАИД ги поддржува напорите на земјата во намалување на корупцијата и зголемување на ефективноста и транспарентноста на локалните власти. Според најновата анализа, во групата на најтранспарентни општини (вкупно 16) се вбројуваат и 10 од партнер општините на Проектот на УСАИД кои се поддржани во рамки на втората група и тоа општините: Берово, Битола, Брвеница, Град Скопје, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Новаци, Прилеп и Радовиш.
Во групата на добри примери за отчетност кон граѓаните (вкупно 19) се вбројуваат и 7 партнер општини на Проектот на УСАИД од втората група, и тоа: Битола, Виница, Делчево, Јегуновце, Крива Паланка, Прилеп и Радовиш.
Како добар пример за редовно објавување информации за доставување и подмирување на даночните обврски се општините Битола, Прилеп, Град Скопје како партнер општини на проектот од втората група на општини и општина Илинден како партнер општина на проектот од првата група на општини.
Исто така и АГТИС, низ проект „Отворени општини со отворени податоци II“ работи на подобрување на отвореноста на општините во Пелагонија, токму низ известување на граѓаните за активностите и процесите во овие 9 општини. преку овај портал www.otv.mk