Прилепската болница по 32 години доби нов ЕХО апарата за прегледи на новороденчиња- шведска донација
ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ – Прилеп доби вредна медицинска донација од хуманитарната организација “Hand till Hand” од Шведска – современ ултрасонографски ЕХО апарат, специјализиран за дијагностика на мускулно-скелетниот систем.
Донацијата, која беше официјално предадена од страна на претседателката на организацијата, г-ѓа Марија Росенгрен, претставува големо олеснување и унапредување на работата на Одделението за ортопедија, каде досега се користеше стар апарат стар дури 32 години.
„Новиот апарат ќе биде од непроценливо значење за потребите на Одделението за ортопедија, заменувајќи го дотраениот 32 години стар апарат, кој досега се користеше за прегледи на новороденчиња.
Од сѐ срце благодариме за хуманоста и поддршката која директно го подобрува квалитетот на здравствената заштита за најмладите пациенти.“, велат од болницата.



