Нестабилно време со дожд и грмежи – од четврток сонце

Денес и во среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, проследено со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.

Според најавите, врнежите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот и во текот на утрешниот ден, кога на одредени места ќе прераснат во невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Најизразени процеси се очекуваат во западните и јужните делови од земјата.

Во среда се прогнозираат пообилни врнежи, особено во западните региони.

Од четврток, па сè до крајот на викендот, следува стабилизација на времето со претежно сончеви и потопли периоди.

Слични Објави