Неочекувани снежни врнежи на почетокот на Aприл
Иако календарски пролетта веќе започна, според најновите метео прогнози, Македонија ќе се соочи со зимска атмосфера во првите денови од Април. Прогнозите предвидуваат значителни снежни врнежи, кои ќе доведат до формирање снежна покривка на многу места низ земјата, додека на планинските предели и во скијачките центри ќе се натрупаат повеќе од 30 сантиметри снег.
Ваквите временски услови ќе донесат предизвици, особено на патиштата, но и можности за љубителите на зимските спортови. Скијачките центри ќе добијат ново покритие, а снегот ќе овозможи и подолг сезонски период за скијање и слични активности. Сепак, ова е јасен показател дека природата не се води строго по календарските сезони и дека, и покрај пролетта, зимската атмосфера може да се врати во било кој момент.
“Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер.
Во Понеделник попладне на планините ќе има услови врнежите да преминат во снег”- известуваат од ЦУК.