Нашиот Прилеп повторно ќе биде центар на мотоциклизмот
И оваа година ново издание на Мотофестивалот во Прилеп!

„Денес имав задоволство да остварам средба со претставници од Здружението Мото клуб „Рисови“ од Прилеп. На оваа средба разговаравме за организацијата на новото издание на „Мотофестивал“, кое ќе се одржи во нашиот град на 31 август 2024 година.
Се подготвува целодневна програма исполнета со многу изненадувања, дефиле, богата музичка програма, дружење и гости од цела Македонија и пошироко!
Нашиот Прилеп повторно ќе биде центар на мотоциклизмот во Република Македонија, привлекувајќи голем број љубители на мотоцикли и ентузијасти.
Сигурен сум дека сите заедно ќе уживаме во овој голем настан кој ќе ја зајакне мото заедницата, ќе ја подигне сообраќајната култура и свест и ќе внесе нова енергија во нашиот град.“ Стои во ФБ објавата на градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески