| |

ПРВА ОФИЦИЈАЛНА СРЕДБА ВО ОПШТИНА БИТОЛА НА ЕБРОАМБАСАДОРОТ МИХАЛИС РОКАС

Денес, во кабинетот на градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, заедно со секретарот Борче Димитровски остварија прва официјална средба со Евроамбасадорот Михалис Рокас и неговите соработници. Евроамбасадорот оствари средба и со советниците од Советот на општина Битола.

На средбата градоначалникот Коњановски истакна :

„ Почестен сум што првата официјална посета на евроамбасадорот Михалис Рокас е токму во Битола и што јас како градоначалник сум негов домаќин. Битола е европски град пред сите други во радиус од 1000 километри околу нас.

Навистина ми е драго што во Битола како град со богата култура, историја и традиција, токму во Офицерски дом, еден од најзначајните историски споменици во нашиот град, работи ЕУ Хаус, што е пример за директна соработка на општина Битола до делегацијата на Европската унија, токму во објект реконструиран со поддршка на фондовите на ЕУ.

Го информирав евроамбасадорот за двата проекти „Just transition across the borders” и „In-Herit” кои се во фаза на евалуација на повикот за погранична соработка со Република Грција, кои се надеваме дека ќе бидат одобрени и ќе се имплементираат во текот на 2025 и 2026 година, но исто така и за реализацијата на проектот Smart4you2, каде како што знаете наидовме на пречки од страна на Советот, кој не изгласа измена на одлуката за кофинансирање, со што изгубивме европски средства, но со цел проектот успешно да заврши, веќе започнавме да ја имплементираме клучната инфраструктурна активност – изградба на вело патеки во должина од над 5 километри кои ќе останат како дел од активностите во проектот и ќе бидат завршени во целот во првиот квартал на 2025 година.

Уште една значајна тема е поддршката на ЕУ за изградбата на пречистителната станица во Битола, проект кој по трет пат е во фазата на евалуација и се надеваме дека овојпат ќе има успешна завршница и ќе почне да се имплементира во првата половина на 2025 година.

На крај, но не најмалку важно, разговаравме за поддршка од страна на евроамбасадорот за поголема поврзаност на нашиот регион со северна Грција и пограничните места, бидејќи како град кој се наоѓа на само 14 километри од границата сме спремни проактивно да се вклучиме во подигнување на нивото на соработка помеѓу двете држави и уште поголема отвореност во делот на туризмот, трговијата, економијата. Во овој контекст би сакал да споменам за првпат пред јавноста, дека посакувам Општина Битола ја обнови пријателската соработка со градовите Кожани и Воден, од минатото, како и да се збратимиме со уште еден град од Р. Грција и оваа иницијатива и замолницата за поддршка ја искажав и истакнав на евроамбасадорот “.

Слични Објави